Почетна » Рецепти » Travelbook #zaciniinspiracija » Марија нè води на гастро патување: Посно тавче-гравче и пита со праз приготвени во етно ресторанот „Ранч“

Марија нè води на гастро патување: Посно тавче-гравче и пита со праз приготвени во етно ресторанот „Ранч“

Посакувате викенд бегство од градската гужва и тотална релаксација во живописна природа и со превкусни специјалитети? Фуд блогерката Марија (marijamarijamarija) има фантастичен предлог – ресторанот „Ранч“ во Ранковце – во кој заедно со љубезниот тим готвеше посни традиционални македонски јадења со поддршка на Подравка.

Сместен сред недопрена природа, на површина од 7 хектари, етно ресторанот се наоѓа на 70 километри од Скопје и 40 километри од Куманово. Тука не само што ќе дишете чист воздух, ќе ги полните очите со идилични глетки и ќе уживате во пријатниот амбиент, туку и ќе си заминете нахранети со јадења зготвени со многу внимание.

Традиционални македонски јадења

За своето гастро патување, Марија вели:

Викендов заедно со Подравка Македонија бев на едно интересно гастрономско доживување во традиционалниот македонски ресторан „Ранч“ во Ранковце. Единствено нешто што недостасуваше за доживувањето да ми биде совршено беше малку сонце, но и без тоа супер си поминавме.

Традиционалната македонска кујна изобилува со зеленчук, но и со многу вешти раце и многу мајсторлук. Ова особено доаѓа до израз во подготовката на традиционалната сукана пита. Токму таква, посна пита со праз, тавче-гравче и македонска салата подготвувавме заедно со готвачкиот тим на Ранч.

Искуството да се биде во кујна додека се приготвуваат овие традиционални македонски јадења беше невообичаено, а за вкусот нема потреба да објаснувам, особено кога е збогатен со Вегета Маестро зачините на Подравка (димена црвена пиперка, за мене секогаш омилена 😋).

Традиционални македонски јадења

Доколку сакате да ги подготвите, во продолжение се традиционалните рецепти:

Сукана посна пита со праз

Традиционални македонски јадења

Состојки

500 гр тенки кори
1 поголем праз
1 компир
црн бибер Vegeta Maestro
масло
сол
газирана вода

Подготовка

1

На масло се пропржува празот исечкан на кругови. Се додава изренданиот компир. На крај, се додаваат зачините.

2

Се расукува една кора, се пропрскува со газирана вода, врз неа се распоредува филот, па се витка во ролна. Ние додадовме и димена црвена пиперка Vegeta Maestro за шмек.

3

Ролните една по една се редат (како полжав) во претходно намастена тава. Питата се пече на 200°С, околу 30-40 минути.

Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења

Посно тавче-гравче

Традиционални македонски јадења

Состојки

500 гр грав
1 главица кромид
2 суви црвени пиперки
ловоров лист Vegeta Maestro
мелена слатка пиперка Вегета Маестро
масло
сол
црн бибер Vegeta Maestro
суво нане
Традиционални македонски јадења

Подготовка

1

Гравот се чисти, се мие и се потопува во ладна вода најмалку три часа (по традиција се остава преку ноќ) за да омекне.

2

Потоа гравот повторно се мие и се става во тенџере со вода да се вари на оган на средна температура. По првото вриење, водата се истура, па во тенџерето се става нова вода.

3

Во тенџерето се ставаат излупената главица кромид, сувите пиперки и ловоровиот лист. Гравот се остава да се вари додека да омекне. По потреба се додава вода.

4

Кромидот се вади од тенџерето и се пасира со лажица. Во тава на оган се става малку масло да се загрее. Во загреаното масло се додава пасираниот кромид и се запржува.

5

Маслото и кромидот се додаваат во тенџерето и се меша да се соединат состојките. Потоа се додава црвен пипер, сол, црн бибер и суво нане по вкус. Се промешува убаво.

6

Гравот се става во земјени тави и во загреаната рерна се пече кратко време на 250°С, додека на површината да се формира тенка кора. Готовото тавче-гравче се служи додека е топло.

Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења Традиционални македонски јадења

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.