Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џулија Робертс ѝ дозволи на Елен да ја претвори во „Кардашијанка“ за да собере повеќе следбеници на Instagram

Џулија Робертс ѝ дозволи на Елен да ја претвори во „Кардашијанка“ за да собере повеќе следбеници на Instagram

Џулија Робертс имаше забавно гостување во шоуто на Елен Деџенерис. 60-годишната водителка со неколку „трикови“ се обиде да ѝ помогне на 51-годишната актерка да собере повеќе следбеници на Instagram.

Најпрво, Елен ја натера Џулија да позира пред тропска позадина со големи лажни гради на себе и наметка и да глуми дека е „Кардашијанка“, алудирајќи дека токму на тој начин сестрите Кардашијан и Џенер се стекнале со милиони обожаватели на социјалните мрежи.

Џулија Робертс во шоуто на Елен

Бидејќи за привлечен профил потребно е да објавуваш фотографии со вкусна храна, Елен ја повика напомош Марта Стјуарт, која ѝ донесе на Џулија пита.

Џулија Робертс во шоуто на Елен Џулија Робертс во шоуто на Елен

За крај, Елен го повика актерот Дермот Малруни, со кој Робертс глумеше во филмот „My Best Friend's Wedding“.

Џулија Робертс во шоуто на Елен

ВИДЕО

За своето гостување, холивудската ѕвезда избра комплетно црвен стајлинг.

Џулија Робертс во шоуто на Елен Џулија Робертс во шоуто на Елен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20878 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.