Џон Траволта и Кели Престон станаа родители на здраво машко бебе.
„Џон, Кели и нивната ќерка Ела се пресреќни поради новиот член на семејството. И мајката и бебето се здрави“ – изјавило среќното семејство преку соопштение.
Уште пред породувањето, Џон и Кели имаа решено да му го дадат името Бенџамин. Малиот Бенџамин се родил вчера во Флорида и во моментот на раѓањето тежел 3,7 килограми.
56-годишниот актер и неговата 48-годишна сопруга ја потврдија веста за бременоста уште во мај кога преку своите веб сајтови соопштија: „Невозможно е да се чува тајна... особено ако е толку прекрасна како оваа. Сакаме први да ја споделиме со сите одличната вест дека очекуваме нов член во семејството“.
Пред помалку од две години Џон и Кели беа скршени од болка поради загубата на нивниот 16-годишен син Џет, но денес имаат за што да се радуваат.