Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кели Престон сподели фотографија од Џон Траволта и нивниот покоен син за да ја подигне свеста за аутизмот

Кели Престон сподели фотографија од Џон Траволта и нивниот покоен син за да ја подигне свеста за аутизмот

Кели Престон и Џон Траволта пред 10 години беа скршени од тага поради ненадејната смрт на нивниот син Џет. 16-годишното момче почина за време на семеен одмор на Бахамите. Пред неговата смрт, славниот пар не споделуваше со светот дека тој е аутистичен, но во изминативе години, сè почесто зборува за многуте здравствени проблеми кои ги имал Џет.

Април е Месецот за подигнување на свеста за аутизмот, па по тој повод, 56-годишната актерка објави фотографија на која со Џон го бакнуваат насмеаниот син и кратка порака:

„За мојата слатка љубов, Џет... Засекогаш ќе ни бидеш во срцата. Испраќам љубов до сите прекрасни аутистични деца и неверојатните луѓе кои ги сакаат. Да блеснеме и да им дадеме љубов и почит на децата со посебни потреби.“

Кели Престон и Џон Траволта

Џет почина во јануари 2009 година додека со семејството беше на одмор на Бахамите. Тој си ја удри главата во када откако падна за време на епилептичен напад. Траволта тогаш сподели дека од 2-годишна возраст Џет страдал од Кавасаки синдром, а подоцна Кели потврди дека имал и астма.

За големата семејна трагедија Траволта имаше изјавено дека е најлошото нешто што му се има случено.

Кели Престон и Џон Траволта Кели Престон и Џон Траволта

Во процесот на надминување на големата загуба, на семејството му помогна раѓањето на нивниот син Бенџамин. Двојката има и 19-годишна ќерка по име Ела.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19722 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.