По големата трагедија што се случи минатата година, кога почина синот на Џон Траволта, бременоста е особено радосна вест во неговото семејство.
Кели Престон, сопругата на славниот актер, е бремена. Холивудскиот пар ја објави веста вчера на своите веб сајтови.
“
Невозможно е да се чува тајна... особено ако е толку прекрасна како оваа. Сакаме први да ја споделиме со сите одличната вест дека очекуваме нов член во семејството.
56-годишниот актер и неговата 47-годишна сопруга имаат 10-годишна ќерка Ела. Минатата година тие го изгубија својот син, 16-годишниот Џет Траволта. Многупати Џон има изјавувано дека нивното семејство долго време се обидува да се помири со загубата.
Затоа, оваа радосна вест не можеше да дојде во подобро време за нив.