Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвездите од „Брилијантин“ се обединија и ги рекреираа своите ликови од култниот филм

Ѕвездите од „Брилијантин“ се обединија и ги рекреираа своите ликови од култниот филм

Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон со огромна возбуда беа дочекани на сцената на „Meet n’ Grease“ во Флорида.

41 година откако го освоија светот со „Брилијантин“ (Grease), славните ѕвезди се облекоа во костими во стилот на ликовите Сенди и Дени.

71-годишната актерка и 65-годишниот актер на сцената се појавија во координирани стајлинзи со кожени јакни, а од зад сцената покажаа фотографии на кои Оливија носи жолта комбинација како во филмот.

Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон
Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон

Неодамна, Оливија ја стави на аукција оригиналната кожена јакна од филмот за да ги донира парите за истражувања на ракот. Јакната беше купена за 243.200 долари, а хуманиот купувач одлучи да ја изненади Оливија и да ѝ ја подари. Погледнете ја нејзината реакција.

Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон

Оливија е основачка на Центарот за истражувања на ракот и велнес центар „Оливија Њутн-Џон“ во Австралија. Позитивната ѕвезда со позитивност по третпат се бори со ракот.

Имено, таа првпат се соочи со рак на дојка во 1992 година. „Го открив ракот на дојка кај себе за време на самопреглед и раното откривање ми го спаси животот. Жените треба да се самопрегледуваат секој месец за да се запознаат со своето тело и да забележат ако има промени“ - порача таа пред три години.

Во 2013 година, дозна дека ракот се проширил во нејзиното рамо, а во 2017 година ѝ беше пронајден канцер во крсната коска.

Пред неколку месеци, кога се ширеа гласини дека ракот кај неа е во напреден стадиум, таа порача: „Сакам сите да знаат дека сум тука, ми оди одлично. Беше тешка година, затоа што си ја скршив крсната коска и повторно морав да учам да одам и сето тоа. Но, силна сум, се вратив и се чувствувам добро и ја обожавам секоја минута. Позитивна сум за мојот живот и моето патување и се надевам дека тоа ќе поттикне и други луѓе да бидат позитивни за нивните.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.