Веста за смртта на папата Франциск го растажи светот, но истовремено го потсети и на неговите инспиративни дела.
Многу државни лидери, политичари и славни личности не останаа рамнодушни и преку социјалните мрежи раскажаа за средбите со папата и неговите инспиративни дела.


Еве дел од пораките полни со сочувство и тага за врховниот свештеник на Римокатоличката црква кој почина на вториот ден од Велигден.
Гордана Силјановска-Давкова
„Како народен папа, му го честиташе на христијанското семејство Христовото воскресение и утринава мирно си замина во вечноста.“
„Јас пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност“ – напиша македонската претседателка и сподели фотографија од средбата со папата.

Ева Лонгорија
„Почивај во мир, ваша Светост папа Франциск. Ви благодариме што бевте сојузник на многумина од нас и зборувавте за маргинализираните. Вашето сочувство, добрина и понизност секогаш ќе останат запаметени“ – напиша актерката.




Леонардо Дикаприо
„Папата Франциск беше еден од најневеројатните духовни лидери на нашето време. Неговото наследство ќе продолжи да инспирира генерации екологисти ширум светот. Нека почива во мир“ – стои во пораката на популарниот оскаровец.


Барак Обама
„Папата Франциск беше реткиот лидер кој направи да сакаме да бидеме подобри луѓе. Денес, јас и Мишел тагуваме со сите низ светот, католици и некатолици, кои црпеа сила и инспирација од примерот на папата“ – напиша поранешниот претседател на САД.

Џо Бајден
„Со голема тага, со Џил ја примивме веста за смртта на неговата Светост папата Франциск. Тој беше различен од неговите претходници. Тој ни заповедаше да се бориме за мир и да ја заштитиме планетата од климатската криза. Се залагаше за безгласните и немоќните, направи сите да се чувствуваат добредојдени и видени од црквата. Промовираше еднаквост и крај на сиромаштијата и страдањето низ целиот свет. И пред сè, беше Папа за сите. Тој беше народниот папа - светлина на верата, надежта и љубовта“ – се зборовите на претходниот американски претседател.

Лионел Меси

Антонио Бандерас
„Почина папата Франциск, човекот кој како поглавар на Римокатоличката црква покажа милост, љубов и љубезност кон луѓето на кои тоа им беше најпотребно“.

Силвестер Сталоне


Џесика Алба
„Папата Франциск беше навистина храбар лидер, чија безусловна љубов и сочувството го допреа светот. Нека неговото наследство од љубов, служба и надеж продолжи да живее и да нè води. Почивајте во мир. Почивајте во моќ“ – напиша славната актерка.



Џими Фелон
„Беше чест да се сретнам со папата Франциск минатото лето. Драго ми е што ве насмеав. Ви благодарам за охрабрувачките зборови. Почивајте во мир“ – напиша водителот кој заедно со други комичари од светот минатата година се сретна со папата.

Андреа и Вероника Бочели
„Длабоко трогнати, се придружуваме кон сочувството кон целата човекова заедница за смртта на нашиот сакан папа Франциск. Неговите зборови, постапки и насмевки испишаа историја“.


Хаузер
„Почивај во мир папа Франциск“.

Британскиот крал Чарлс III

Шведската принцеза Меделин
„Почитуван папа Франциск, ви благодариме за сочувството и храброста што ја покажавте во одбраната на ранливите и експлоатирани деца. Вашиот глас им даде надеж на оние кои се чувствуваа невидливи, а вашите постапки помогнаа да се даде сигурност, достоинство и љубов на многумина кои знаеја само за болка. Моето семејство и јас секогаш ќе го негуваме споменот на средбата со вас.“
