Даниел Крег и Рејчел Вајс имаат за што да се радуваат. 50-годишниот актер, познат по улогата на Џејмс Бонд, и 48-годишната актерка го очекуваат првото заедничко дете.
Среќната вест ја потврди Рејчел за The New York Times. „Наскоро ќе почне да се забележува. Даниел и јас сме пресреќни. Ќе имаме мало човече. Едвај чекаме да го запознаеме него или неа. Сè е мистерија“ – изјавила таа.
Даниел и Рејчел се во брак од 2011 година. И двајцата имаат по едно дете од претходен брак.