Џесика Симпсон и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон добија син. Малото момче го добило името Ејс Кануте Џонсон.
32-годишната ѕвезда се породила на 30 јуни со царски рез.
Ова е второ дете на Џесика и Ерик, кои се заедно од мај 2010 година. Само шест месеци по започнувањето на нивната врска, тие објавија дека се свршени и дека се подготвуваат да ја крунисаат врската со брак. Непланирана бременост ги одложи нивните планови за свадбата. Во мај минатата година Симпсон ја роди ќеркичката Максвел Дру Џонсон.