Привлечната Џесика Алба позираше за дигиталното списание „The Edit“ на луксузната онлајн продавница Net-a-Porter.
Убавата актерка носи различни фармерски креации на фотографиите направени од Дејвид Белмер.
Во интервјуто за списанието, Алба зборувала за слабеењето по втората бременост, новите филмски улоги и бракот со Кеш Ворен.
31-годишната мајка на Хонор и Хевен признала дека по втората бременост користела мидер за да си ја врати формата на телото. „Беше брутално. Не е за секого. Носев двоен корсет дење и ноќе во текот на три месеци. Постојано бев испотена, но вредеше“ – изјавила таа.
Неодамна Алба го заврши снимањето на продолжението на филмскиот хит „Sin City“, „Sin City: A Dame to Kill For“. „Само што го завршив најдобриот филм што некогаш сум го снимила. Беше толку спротивно на тоа што го правам дома. Мојот приод кон глумењето сега е толку поразличен – бестрашна сум затоа што немам што да изгубам. Пред да имам деца целиот мој идентитет беше замотан околу секоја одлука – сега не ми е гајле. Тоа може да биде куп го**а и да си мислите дека тоа е најлошото нешто што сте го гледале кога било, но јас сè уште ќе го имам најубавото искуство“ – рекла таа.
Пред неколку недели Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен биле на релаксирачко патување кое ја потсетило дека нивниот брак е цврст. „Тоа беше нашето прво патување во шест години кое не беше поврзано со работа. Не сфаќав колку е важно сè додека не се вративме дома и си помислив: Се сакаме еден со друг, навистина сме си најдобри пријатели. Знаевме дека навиваме еден за друг секој ден и дека ги направивме овие две суштества кои ми се најомилени на планетава, но имајќи го тоа време само за нас, беше кул што се поврзавме. Двајцата ја избравме вистинската личност“ – признала Алба.