Џесика Алба позираше со широка насмевка со сопругот Кеш Ворен на синоќешното доделување на наградите „Golden Heart“.
41-годишната актерка шармираше во црна креација на едно рамо од Мајкл Корс на настанот на кој беа наградувани индивидуалци и организации кои им помагаат на оние кои најмногу имаат потреба од помош. Алба доби награда од Корс за нејзината филантропија.
Парот беше фотографиран и на аеродромот во Њујорк.
Џесика и Кеш се запознаа на снимањето на „Fantastic Four“ во 2004 година, а стапија во брак четири години подоцна. Парот има три деца – синот Хејс и ќерките Хонор и Хевен.