Џенифер Лоренс го прифати предлогот за брак на Кук Марoни. 28-годишната оскаровка беше фотографирана по свечена вечера со 34-годишниот директор на уметничка галерија, а прстенот на нејзината рака поттикна гласини за веридба.



Нејзиниот претставник за јавноста ја потврди веста дека парот планира свадба.
Лоренс и Марони ја започнаа врската минатата пролет, а оттогаш повеќепати беа видени заедно во јавност.




