Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лоренс позираше за „Vanity Fair“ и зборуваше за голите фотографии

Џенифер Лоренс позираше за „Vanity Fair“ и зборуваше за голите фотографии

Џенифер Лоренс е ѕвездата на новото издание на „Vanity Fair“. Фотографиите од едиторијалот ги потпишува врвниот фотограф Партик Демаршелие.

Џенифер Лоренс

Во интервју за списанието, 24-годишната актерка за првпат даде коментар за хакерскиот напад кој резултираше со објавување на десетици интимни фотографии од нејзиниот мобилен телефон.

„Бев многу исплашена. Не знаев како тоа ќе влијае на мојата кариера. Само заради тоа што сум јавно лице, само заради тоа што сум актерка, не значи дека сум го барала ова. Ова е мое тело и тоа треба да биде мој избор, а фактот што не е мој избор, го прави сето ова апсолутно одвратно. Не можам да поверувам дека живееме во ваков свет“ – рекла таа.

Откако голите фотографии го обиколија светот, Лоренс многупати паѓала во искушение да напише соопштение за јавноста. „Сè што ќе напишев ме расплачуваше и ме разлутуваше. Започнав да пишувам извинување, но нема за што да се извинувам. Четири години бев во одлична и здрава врска исполнета со љубов. Тоа беше врска на далечина, па во таков случај или момчето ќе гледа порно или ќе те гледа тебе“ – објаснила таа.

Лоренс изјавила уште и дека тоа не е скандал, туку сексуален криминал и сексуален прекршок. Со таа изјава Лоренс привлече многу негативни коментари, бидејќи многумина сметаат дека така ги навредува жртвите на силување или полов напад.

Џенифер Лоренс

Во интервјуто Лоренс ги осудува и сите кои ги погледнале голите фотографии. „Сите што ги имате видено тие фотографии, правите сексуален прекршок. Треба да се свиете од срам. Дури и луѓе што ги познавам и сакам ми велат: О да, ги видов фотографиите. Не сакам да се разлутувам, но во исто време си мислам: Не ти реков дека можеш да го гледаш моето голо тело“ – рекла таа и признала дека ѝ било најтешко кога требало да му се јави на татко си и да му каже за хакираните фотографии.

Сепак, Лоренс признава дека времето лечи рани. „Не плачам повеќе. Не можам да бидам лута повеќе. Не смеам да дозволам мојата среќа да се потпира на тоа тие луѓе да бидат фатени, затоа што може никогаш да не бидат уапсени“ – дополнила таа.

Погледнете како течела фотосесијата, која била направена пред незаконското објавување на приватните фотографии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20922 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.