Џенифер Лопез вчера го прослави својот 55-ти роденден. Славната пејачка ги дувна свеќичките на роденденската торта на забавата инспирирана од серијата „Bridgerton“.
Музичката ѕвезда носеше раскошен фустан и фризура инспирирана од кралицата Шарлот, а сите присутни мораа да носат облека соодветна за тематската забава.
На прославата во Хемптонс не присуствуваше нејзиниот сопруг Бен Афлек, што уште повеќе ги разгори гласините дека се разведуваат. Според информациите од странските медиуми, брачните партнери не живеат повеќе заедно, но сè уште ја немаат потврдено веста за разделбата.