Официјално е! Џенифер Лопез и Бен Афлек го продаваат заедничкиот дом во Беверли Хилс, а завчера Бен беше фотографиран без бурма. Во меѓувреме, не стивнуваат гласините дека тие се пред развод.
Парот јавно ја објави на продажба куќата која ја купи во јуни 2023 година по долга потрага по нов дом. Оној што сака да живее во грандиозното живеалиште треба да оддели вртоглава сума од 68 милиони долари.
На имотот, кој се протега на површина од 4.300м2, има голем базен, 12 спални соби, 24 бањи, голема гостинска куќа и кошаркарско игралиште.
Бен и Џенифер го поминаа разделени 4 Јули, Денот на независноста на САД.