Џенифер Лопез зрачеше со сексапил на новата празнична забава.
55-годишната пејачка сподели фотографии од својот стајлинг и измами море од комплименти за изгледот.
На нив, Џеј Ло носи креација од Mônot со отворено деколте и разголен грб која одлично ги истакна нејзините облини.
На дел од фотографиите, Лопез е во кујна и готви паста. „Омилениот дел од излегувањето ми е враќањето дома за полноќна закуска“ - напиша таа.
Лопез објави и видео со пораката: „Верувај во себе“.
Believe in yourself pic.twitter.com/hkpQeM8AFT
— jlo (@JLo) December 8, 2024