Џенифер Лопез организираше голема прослава за својот 55-ти роденден инспирирана од серијата „Bridgerton“.
Неколку дена претходно, музичката ѕвезда направи и бранч за најблиските пријатели и семејството. Но, и на двата славенички настани не беше присутен нејзиниот сопруг Бен Афлек.
Според многумина, ова е уште еден показател дека нивниот брак е пред крај.
На денскиот настан, Џеј Ло носеше цветен стајлинг со кратки панталончиња.
Мајката на Лопез, Гвадалупе, носеше син фустан за забавата со тема „Bridgerton“.