Џенифер Лопез беше специјална гостинка во шоуто на Елен Деџенерис. Во емисијата, успешната актерка и пејачка зборуваше за одржувањето на своето тело во фит форма и за можноста да стапи во брак со Алекс Родригез.
Џеј Ло и на чекор до 50-тата година изгледа фантастично. „Вежбам цело време. Дури и пред да станам танчарка, кога бев малечка, бев атлетичарка. Па продолжив цел живот со тоа темпо“ – рече таа.
„Се обидувам да не мислам на годините. Тргнувам повеќе од тоа како се чувствувам внатрешно и се чувствувам многу млада и енергична. Чувствувам дека сè уште имам многу енергија. Можеби еден ден тоа ќе се промени, но сега се чувствувам многу добро“ – изјави Лопез, а Елен непрекинато ѝ делеше комплименти за нејзиниот изглед.
Разговорот на Елен и Џенифер потоа премина на темата свадба со Алекс. На прашањето дали ќе се венчаат со Алекс, Лопез одговори: „Не знам“ и додаде дека се многу среќни заедно.
Погледнете видео од нејзиното гостување во емисијата на Деџенерис:
Лопез се пресоблече во црн комбинезон и ја изведе својата нова песна „Limitless“.