Џенифер Лопез беше гостинка во шоуто на Елен Деџенерис.
47-годишната музичка ѕвезда се појави во младешка розова комбинација во студиото, каде одговараше на прашања поврзани со нејзината кариера, но и со нејзиниот љубовен живот кој честопати е жешка тема во медиумите. Елен не пропушти да ја праша Лопез со кого го помина Св. Валентин, покажувајќи во позадина фотографии од славната пејачка и Дрејк.
„Тој во моментов е на турнеја“ – вели Лопез во видеото, додавајќи дека со Дрејк снимиле заедничка песна.
„Не се состанувам само со помлади мажи. Не се работи за тоа дали е помлад. Се среќавам со луѓе и ако одлучам да одам на состанок со нив, одам на состанок. Ако ми се допаѓаат, ми се допаѓаат. Ако не ми се допаѓаат, не ми се допаѓаат. Сè е до личноста. До она што е таа. Тоа нема врска со годините“ – вели Лопез за гласините дека се состанува само со помлади мажи.
„Се состанував со Боу (Каспер) и тој беше помлад од мене, тој беше првиот маж помлад од мене со кого сум се состанувала и веднаш ме етикетираа“ – додава таа.
Видео
Во текот на емисијата, Џеј Ло учествуваше и во игра во која требаше да избере маж со кого би се состанувала. На крајот од играта, Лопез го избра Хари Стајлс.