Џенифер Гарнер ги отвори вратите од својот дом во Лос Анџелес за „Architectural Digest“.
Инспирирана од своите спомени од детството, 52-годишната актерка сакала да создаде дом полн со „топлина и карактер“ за своите три деца кои ги има од бракот со поранешниот сопруг Бен Афлек. Сега, славната филмска ѕвезда им дозволи на фановите да ѕирнат во него.
Во видеото, Џенифер ја води екипата на популарното списание од соба во соба низ „куќата која вешт спој на шармот на фармите и современиот комфор“.
„Сакав да има чувство на старо, на кул и на историја, но исто така сакав да функционира за големо семејство во кое се случуваат многу нешта“ – рекла таа.