Џастин Тимберлејк и официјално потврди дека Џесика Бил е бремена со нивното прво дете. На својот 34. роденден, среќниот пејач објави слатка фотографија на која го бакнува трудничкото стомаче на Џесика.
Заедно со фотографијата, Џастин објави и порака во која им се заблагодарува на фановите за бројните роденденски честитки и го нарекува своето неродено бебе најубав подарок.
Досега славниот пар молчеше на тема бременост, иако Џесика неколкупати беше фотографирана со заоблено стомаче.
32-годишната актерка и познатиот актер и музичар стапија во брак во октомври 2012 година во Италија.