Џастин Бибер и Хејли Болдвин континуирано се мета на папараците. Па така и нивниот релаксирачки ден на плажа не помина без да биде овековечен од папараци камерите.
Славниот брачен пар беше фотографиран на плажата „Лагуна“ во Лос Анџелес.
22-годишниот модел ги негираше гласините кои кружат за брачни проблеми поврзани со довербата. „Не верувајте во сè што ќе прочитате на интернет“ – напиша таа на Instagram откако започнаа да се шират гласините за наводните брачни неволји.
Џастин и Хејли ги изненадија своите фанови кога изминатиов септември стапија во брак по само 3 месеци врска.