Џастин Бибер и Хејли Болдвин се верија. Според релевантни странски медиуми,
Славната двојка е во врска само неколку недели, а за првпат беа фотографирани како пар минатиот месец.
Анонимен извор за списанието People изјави: „На еден начин е изненадување, но на друг, не е. Џастин беше екстремно среќен изминатите неколку недели. Тој ја познава Хејли долго време. Ова можеби изгледа ненадејно, но тие добро се познаваат еден со друг“.
Како што пренесува TMZ, додека гостите на луксузен ресорт танцувале салса, телохранителите на Бибер побарале од нив да не ги користат мобилните телефони, најавувајќи им дека ќе се случи нешто специјално. Бибер ја побарал за жена Болдвин пред сите присутни.
Медиумите шпекулираат дека тие биле во кратка врска во 2016 година, а сега ја обновиле.
Родителите на Џастин на социјалните мрежи објавија постови за неговата свршувачка.
Love Love Love Love Love Love Love.
— Pattie Mallette (@pattiemallette) July 7, 2018