Џастин Бибер и Хејли Болдвин запливаа во брачните води. Според релевантни странски медиуми, 24-годишниот пејач и 21-годишниот модел тајно стапија во брак во Њујорк.
„Тие го направија тоа без да слушаат никого“ – изјавил анонимен извор за People. Парот се венчал пред матичар, но не се знае кога ќе биде свадбената прослава.
„Не гледам причина зошто да чекаме. Кога знаеш дека е вистинскиот, тоа е правилната одлука“ – неодамна изјавила Хејли, објаснувајќи дека Џастин е вистинскиот маж за неа.
Џастин и Хејли беа многу добри пријатели пред да ја започнат својата врска. Некои медиуми шпекулираа дека тие беа во врска и во 2016 година, но за првпат беа фотографирани како пар во јуни оваа година и оттогаш се неразделни.
Славниот пар се вери во јули и со пораки на социјалните мрежи ја потврди свршувачката.
„Хејли заљубен сум во сè што е поврзано со тебе! Се посветувам на тоа да го поминам мојот живот запознавајќи го секој дел од тебе, да те сакам трпеливо и нежно.“
„Ветувам дека ќе го водам нашето семејство со чест и интегритет. Моето срце е потполно и целосно твое и секогаш ќе те ставам тебе на прво место.“
„Ти си љубовта на мојот живот Хејли Болдвин и не би сакал да го поминам со никој друг. Ме правиш подобра личност и одлично се надополнуваме еден со друг. Со нетрпение ја чекам најдобрата сезона во животот. Смешно е, бидејќи сега со тебе сè има смисла. Највозбуден сум што моите помали брат и сестра ќе можат да видат уште еден здрав и стабилен брак и ќе се стремат да го пронајдат истото“ – напиша тогаш Џастин на Instagram.
Џастин претходно беше во врска со Селена Гомез, со која раскина во мај.