Џастин Бибер вчера го прослави 27-миот роденден во Париз, каде отпатува заедно со Хејли.
Пред роденденската прослава, славниот пејач и неговата 24-годишна сопруга беа фотографирани на прошетка низ улиците во градот на љубовта. Славниот модел изгледаше модерно во жолт стајлинг од Stand Studio, ролка од Petar Petrov и Nike патики.
Хејли сподели албум со фотографии за да му го честита специјалниот ден на саканиот.
„Уште една година околу сонцето со тебе, уште една година во растење, сакање и смеење со тебе. Среќен 27. роденден, ти си мојот омилен човек и благодарна сум што сум покрај тебе“ – напиша таа.
Точно на денот на неговиот роденден, Џастин снимаше ново музичко видео во хотелот „Crillon“, кој се наоѓа на иконската авенија Шанзелизе. Тој најави дека неговиот нов албум „Justice“ ќе излезе следниот месец.