Џастин и Хејли Бибер снимија „жешка“ фотосесија за октомвриското издание на „Вог“ Италија.
26-годишниот пејач и 23-годишниот модел, кои се во брак една година, сензуално позираат пред објективот на Ели Расел Линец. На фотографиите, Хејли носи модели од Сен Лоран, дизајнирани од Антони Вакарело.
Во интервјуто, Хејли зборуваше за сексуалноста, негувањето на врска под будното око на јавноста, женственоста и плановите за создавање на семејство.
„Ние сме возрасни, иако многумина сè уште нè гледаат како тинејџери, особено Џастин. Но, ние сме во брак, ние сме маж и жена, кои се чувствуваат удобно со нивната сексуалност“ – рекла таа.
Хејли изјавила дека Џастин најмногу ја сака во природно издание и дека таа му дозволува да се облекува онака како што ќе посака, без притисоци.
„Тој ме сака природна, без шминка, со косата што ја имам кога ќе се разбудам од спиење... Јас му велам да ги следи неговите инстинкти, Џастин не се облекува за мене, како што и јас не се облекувам за него. Тоа е начин на самоизразување“.
„Во нашата врска, јас сум таа што размислува, а тој е оној што чувствува. Јас сум логична, а тој е емотивен. Тој е уметник, јас сум мислител. Секогаш кога решавам проблем, тоа го правам со мојот ум. Тој ми помага да ги изразам моите емоции, а јас му помагам да биде поаналитичен. Овој баланс на нашите души е исто така сензуален“ – рекла таа за нивните различни карактери.
На прашањето „Кога дете?“, Хејли одговорила: „Чудно е што отсекогаш сакав да родам дете порано, но сега кога сум во брак, не сакам да брзам. Јас сум амбициозна девојка со многу проекти. Ќе се случи, но не сега“.