Викторија Бекам сме навикнати да ја гледаме во елегантни изданија со високи потпетици, но славната дизајнерка понекогаш ужива во порелаксиран стил.
42-годишната сопруга на Дејвид Бекам беше фотографирана со слатката ќерка Харпер на прошетка во Западен Лондон.
До нив се движеше нивниот телохранител кој го шеташе семејното куче.
Неодамна Викторија зборуваше за воспитувањето на децата. „Тие знаат дека мора да работат напорно. Домашната работа мора да биде готова навреме. Ние постојано ги проверуваме нивните оценки на училиште. Секогаш присуствуваме на родителските состаноци и најважното прашање кое го имаме е: Дали се добри деца? Дали се однесуваат добро?“ – рече таа.