Изминатиот викенд, во Париз се одржа балот Le Bal des Débutantes.
На аристократскиот настан дебитираше и 20-годишната ќерка на Крис Мартин и Гвинет Палтроу. Епл Мартин изгледаше прекрасно во нежна сина креација од Валентино изработувана 750 часа, додека танцуваше со фронтменот на групата Coldplay.
Видеото од нивниот танц стана хит на социјалните мрежи и многумина ја нарекоа Епл „среќничка“, а Крис „вистински џентлмен“ и „неверојатен татко“.
@goss.ie How adorable is this clip of #Coldplay’s #ChrisMartin dancing with his daughter #AppleMartin as she made her debut at Le Bal des Débutantes in Paris? The musician shares the 20-year-old with his ex-wife #GwynethPaltrow ♬ Yellow - Coldplay
@gala.fr #chrismartin #applemartin ♬ Gorgeous - Taylor Swift
На настанот, кој се одржува секоја година, се поканети млади жени и мажи од најбогатите семејства од Европа, Азија, Африка и САД. Секоја девојка има партнер „кавалер“ со кого танцува пред да помине време со своите родители.
Крис и Гвинет стапија во брак во 2003 година, но се разведоа во април 2015 година. И по разводот, тие останаа во добри односи за доброто на нивните деца. Сега и двајцата имаат нови партнери.
На настанот беше присутен и нивниот син Мозес.