Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ќе се видиме некаде“: Децата на покојниот Лук Пери со пораки го одбележаа денот на неговото раѓање

„Ќе се видиме некаде“: Децата на покојниот Лук Пери со пораки го одбележаа денот на неговото раѓање

Да беше жив, Лук Пери сега ќе имаше 53 години. За да го одбележат денот на неговото раѓање, ќерка му Софи и син му Џек напишаа пораки на социјалните мрежи и споделија фотографии од него.

„Среќен роденден, старче. Ќе се видиме некаде“ – напиша 22-годишниот Џек во описот на колаж од фотографии од татко си.

„Среќен роденден, модна икона. Те сакам најмногу“ – се пошегува 19-годишната Софи, додавајќи фотографија на која Лук носи кратки панталони и сако.

Лук и Софи Пери

Пред неколку дена, екипата на „Riverdale“ му оддаде почит на покојниот актер на премиерата на последната епизода која тој ја сними пред смртта. „Ова е прекрасна и емотивна приказна раскажана во чест на нашиот пријател Лук Пери. Тешко е да се долови влијанието и присуството кои Лук ги донесе во серијата, во светот, во животот на оние кои го познаваа најдобро. Лук ги поттикнуваше луѓето околу него да бидат подобри личности со неговата недостижна грациозност и шарм. Тој го направи светот посветло место само со неговото постоење. На екраните, тој е срцето и душата на ‘Riverdale’. Серијата и нашите животи ќе бидат засекогаш променети без него, но неговиот спомен и импакт никогаш нема да бидат заборавени“ – напишаа од „Archie Comics“.

Голем дел од ѕвездите во серијата му оддадоа почит на Пери на денот на премиерата.

Лук Пери Лук Пери
Лук и Софи Пери Лук и Софи Пери

И Шенон Доерти му оддаде почит на својот пријател Лук на премиерата на „Riverdale“.

Лук, кој почина на 4 март годинава, стекна светска слава со својата улога на „Дилан“ во серијата „Беверли Хилс 90210“.

Лук и Софи Пери Лук и Софи Пери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.