Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Почивај со ангелите“: Колегите со емотивни пораки се збогуваат со Лук Пери

„Почивај со ангелите“: Колегите со емотивни пораки се збогуваат со Лук Пери

Смртта на Лук Пери го трогна Холивуд и неговите бројни фанови од целиот свет. Откако големиот шармер почина како резултат на компликации од мозочен удар, неговите колеги започнаа да се збогуваат со емотивни пораки.

Лук Пери

Иан Зиринг и Џени Гарт, кои покрај Пери ги глумеа Стив и Кели во „Беверли Хилс 90210“, со тага се потсетија на нивниот пријател.

„Најдраг Лук, засекогаш ќе ги чувам убавите спомени кои ги споделувавме низ изминативе 30 години. Нека твоето патување напред биде збогатено од неверојатните души кои починале пред тебе, како што ти го правеше тоа тука за оние кои ги остави зад себе. Боже, те молам дај му место блиску до тебе, тој го заслужува тоа“ – напиша Зиринг.

Џени изјави: „Срцето ми е скршено. Тој им значеше многу на многумина. Беше многу специјална личност. Ја делам мојата длабока тага со неговото семејство и сите кои го сакаа. Ова е ужасна загуба.“

Шенон Доерти или Бренда во серијата „Беверли Хилс 90210“ уште пред неколку дена сподели фотографија со Пери за да му ја изрази својата поддршка при закрепнувањето од мозочниот удар. „Мој пријателе. Те држам цврсто и ти ја давам мојата сила. Го можеш ти ова“ – напиша таа и сподели заедничка фотографија.

По смртта на Лук, во интервју за People, Шенон изјави: „Во шок сум. Срцето ми е скршено. Вознемирена сум поради загубата на мојот пријател. Со Лук имам премногу спомени кои прават да се смеам и кои засекогаш ќе бидат врежани во моето срце“.

Алиса Милано објави: „Не разбирам како го нема. Неговата душа секогаш сјаеше силно. Неговата насмевка. Неговиот талент. Неговата добрина. Тој секогаш беше најкул личност насекаде. Почивај со ангелите, сладок Лук. Никогаш нема да те заборавам.“

Леонардо Дикаприо, кој работеше со Лук за престојниот филм „Once Upon a Time in Hollywood“, напиша: „Лук беше добродушен и неверојатно талентиран артист. Беше чест да се работи со него. Моите мисли и молитви се за него и неговите сакани.“

Габриел Картерис, која ја глумеше Андреа во „Беверли Хилс“ сподели: „Најдраг Лук, срцето ми е скршено и немам зборови. Ти, пријателе мој, беше моќна душа и остави трага. Испраќам љубов и молитви кон твоето семејство и сите кои те сакаа. Почивај во мир.“

Кристин Мекарти, која во „Беверли Хилс“ ја имаше улогата на Емили, напиша: „Сè уште сум во шок и немам зборови освен да кажам дека тој беше навистина добар џентлмен. Ќе недостига и ќе биде жален од сите кои го познаваа и милионите кои го сакаа. Почивај во мир Лук. Твоето време тука беше пркратко.“

„Л.П., ти ја правеше подобра секоја ситуација. Твојата елеганција, твојата остроумност, твојот шарм и твоето џиновско срце инспирираа и маѓепсуваа многу од нас, во безброј прилики, со брилијантна ноншалантност. Почивај во мир, добар господине. Навистина сум почестен што те познавав сите овие години“ - напиша Чарли Шин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.