Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Јас не сум таков“: Џо Манганиело тврди дека не се развел од Софија Вергара затоа што таа не сакала да имаат деца

„Јас не сум таков“: Џо Манганиело тврди дека не се развел од Софија Вергара затоа што таа не сакала да имаат деца

Џо Манганиело возврати на тврдењата на неговата поранешна сопруга дека се развеле „затоа што тој сакал да има деца, а таа не сакала да биде стара мајка“.

47-годишниот актер рече дека тоа не е воопшто точно и дека едноставно нивните патишта се разиделе.

Софија Вергара

Во јануари годинава, Софија за El País изјави:

„Мојот брак се распадна затоа што мојот сопруг беше помлад. Тој сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка.“

„Чувствувам дека не е фер спрема бебето. Го почитувам секој кој го прави, но тоа повеќе не е за мене“.

Пред неколку дена, во интервју за Men’s Journal, Џо ги поби тврдењата на Вергара.

„Тоа едноставно не е точно. Навистина пробувавме да имаме семејство година и половина. Имавме важен разговор во првите месеци од нашето состанување. Јас ѝ реков дека разбирам ако не сака да има повеќе деца. Ѝ се заколнав дека нема да заминам ако тоа не се случи. И не заминав“.

„Се случи затоа што две личности се разидоа и понекогаш тоа се случува“ – рекол Манганиело, фрустриран што она што се зборувало за неговиот развод влијаело на перцепциите за неговиот карактер.

„Да бидам прикажуван како да сум имал средовечна криза по девет години и да бидам претворен во некој кој дава ултиматум како: ‘Направи му го ова потенцијално нездраво нешто на твоето тело или ќе си одам’? Јас никогаш не сум бил таков“ – додал актерот.

Софија Вергара Софија Вергара

Извор близок до Џо изјави дека тој морал да ги исклучи коментарите на некои фотографии поради бројните критики од онлајн тролови.

„Интервјуто за El País едноставно не е точно“ – рекол изворот.

Вергара и Манганиело објавија дека се разведуваат во јули 2023 година. Тие беа во брак седум години. Сега и двајцата имаат нови партнери.

Софија Вергара Софија Вергара

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.