Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕирнете во забавата пред свадбата на Пријанка Чопра организирана во Tiffany & Co.

Ѕирнете во забавата пред свадбата на Пријанка Чопра организирана во Tiffany & Co.

Пријанка Чопра доби специјална забава во Tiffany & Co. во Њујорк по повод нејзината претстојна свадба со Ник Џонас.

36-годишната ѕвезда од „Quantico“ шармираше во бела креација со реси од Marchesa, која ја надополни со салонки од Кристијан Лобутин и накит од Tiffany & Co. вреден над 1 милион долари. Се разбира во таа сума не е вклучен вереничкиот прстен на Чопра кој исто така доаѓа од луксузниот бренд за накит.

Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра

Славната актерка се забавуваше со мајка си Маду Чопра.

Пријанка Чопра Пријанка Чопра

На забавата присуствуваа роднини и пријатели на Чопра и Џонас.

Пријанка сподели фотографии од забавата на својот профил на Instagram и напиша:

„Љубов, смеа и соба полна со неверојатни дами... и некои специјални господа (колку посебно изненадување)! Ви благодарам многу за организирањето на оваа неверојатна забава пред свадбата која ги прекрши сите правила! Мои неверојатни пријатели и роднини кои направивте да се чувствувам специјално и сакано, ви благодарам. На врвот на тоа Tiffany & Co. Совршено!“

Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра

Видео

Пред неколку дена, таа присуствуваше на настан, на кој зборуваше за врската со Џонас.

„Ова навистина ми одговара мене, тој мора да биде некој кој ќе те почитува. Под ова не мислам да ти приготвува кафе, не е тоа. Туку некој кој ќе ја цени напорната работа која ја вложуваш во животот. Кој смета дека ако неговата работа е важна, тогаш е и твојата. Или ако тој прави избори кои се важни за него, тогаш важно е и твоето мислење. Тоа е почит и неверојатно е да се има тоа.“

„Потоа сè е толку многу лесно, бидејќи постојано си ја цените интелигенцијата, си верувате безрезервно еден на друг, бидејќи имате заемна доверба. Многу нешта можат да произлезат од ова. Сакам да кажам не се задоволувајте со ништо помалку“ – рече Чопра.

Парот се сврши во јули по два месеци заедно.

Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.