Ник Џонас ја доби поддршката од сопругата Пријанка Чопра на доделувањето на музичките награди на Billboard.
На црвениот тепих, 36-годишната актерка зачекори во блескава креација од Зухаир Мурад покрај 26-годишниот пејач од групата Jonas Brothers. Својот стајлинг, таа го надополни со накит од луксузниот бренд Tiffany & Co. и сандали од Yeezy.
Чопра сподели и неколку фотографии на Instargam.
На свеченоста, браќата Џонас настапија со својата нова песна „Sucker“. За време на изведбата, Пријанка го бакна Ник од публиката.