Пријанка Чопра и Ник Џонас се новата славна брачна двојка. Парот се заколна на вечна љубов во текот на викендот, а претходно сними романтична фотосесија за „Вог“ и се смести на првата дигитална насловна страница на познатото списание.
Зад фотоапаратот застана познатата Ени Либовиц.
Чопра и нејзиниот 26-годишен избраник снимија и две видеа. Во едното, таа танцува на неговата песна „Close“, додека во другото, двајцата ја играат играта на „Вог“ за младенци.
Видеа
36-годишната актерка сними и едиторијал за јануарското издание на „Вог“ за кој позираше во модели од врвни модни куќи како Оскар де ла Рента, Александар МекКвин и Баленсијага.