Пријанка Чопра и Ник Џонас со фотографии потврдија дека се верија. Славниот пар објави дека со прослава во Индија ја официјализира свршувачката.
Традиционалната церемонија се одржала во Мумбај. „Единствениот начин да го направиш ова... Со Семејство и со Господ“ – напиша 36-годишната актерка и сподели мал албум од значајниот ден кога нивните семејства се сретнале за првпат.
25-годишниот пејач ја побара раката на Чопра на нејзиниот 36. роденден, а со тоа ги изненади нивните фанови, затоа што беа во врска само два месеца.