Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Гламурозна ѕвезда: Пријанка Чопра како сирена во сина креација од Нина Ричи на премиера во Њујорк

Гламурозна ѕвезда: Пријанка Чопра како сирена во сина креација од Нина Ричи на премиера во Њујорк

Пријанка Чопра знае како да ги привлече сите погледи каде и да се појави.

40-годишната актерка изгледаше како сирена во сина креација со волуменозен долен дел од Нина Ричи на премиерата на романтичната комедија „Love Again“. На розовиот тепих во Њујорк, поранешната Мис на светот пристигна со сопругот Ник Џонас од Jonas Brothers.

Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра

Деновиве, Пријанка е во фокусот на многу наслови во медиумите поради искреното признание за нејзината операција на носот во 2000 година, која не се одвивала онака како што требало. На филмската ѕвезда требало да ѝ отстранат полип, но поради грешка на хирургот, изгледот на нејзиниот нос сосема се променил. Таа била отпуштена од снимањето на три филма, за малку ќе си ја уништела кариерата и била нарекувана „Пластична Чопра“.

„Овие нешта се случуваат и моето лице изгледа сосема поразлично. Западнав во длабока, длабока депресија“ – рекла таа и објаснила дека нејзиниот татко ја убедил да си направи хируршка корекција на носот за да си ја врати самодовербата.

Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра Пријанка Чопра

Трејлер за „Love Again“:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.