Шерил се породи. 33-годишната пејачка и 23-годишниот Лиам Пејн му посакаа добедојде на овој свет на своето синче.
Среќната вест ја објави новата мајка која на Instagram сподели фотографија од својот сакан со новороденчето.

„Во средата 22 март, Лиам и јас станавме родители на неверојатно убаво, здраво момче, тешко 3,5 килограми, кое изгледа како сон. Иако сè уште немаме избрано име, тој веќе ги краде нашите срца. Сите ние сме лудо вљубени и пресреќни. Среќен ден на Мајките на сите мајки во светот. Ден кој отсега за мене ќе има сосем поинакво значење засекогаш“ – напиша Шерил во описот.
Пејн ја сподели истата фотографија на својот профил на популарната социјална мрежа и напиша: „Ова е момент кој никогаш нема да го заборавам и мој омилен спомен кој го имам досега. Одушевен сум од оваа неверојатна мајка и од начинот на кој се справи со сè. Таа навистина ги оствари сите мои соништа.“
Шерил и ѕвездата од One Direction се запознаа за време на снимањето на „The X-Factor“ во 2010 година, кога Лиам се натпреваруваше во шоуто за таленти.


Тие за првпат се појавија во јавност како пар во мај минатата година, додека Шерил се разведуваше од Жан-Бернард Фернандез-Версини. Нивниот развод беше финализиран во ноември минатата година.
Парот долго време ја криеше бременоста. Шерил за првпат беше фотографирана со трудничкото стомаче во ноември минатата година, а во февруари оваа година таа официјално потврди дека е бремена, кога сними фотосесија во која си го прегрнува стомачето.





