Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин ги поддржаа своите три ќерки на „Златен глобус“. Атрактивните сестри беа мисици на манифестацијата и помагаа во доделувањето на наградите.
14-годишната Скарлет, 18-годишната Систин и 20-годишната Софија облечени во црни креации гордо позираа покрај своите славни родители.


„За првпат во историјата на Златен глобус, гордо избравме не една, туку три Мис Златен Глобус претставнички. Сестрите Сталоне ќе ја продолжат долгогодишната традиција на врачување на статуетки на церемонијата. Секоја од овие млади дами има постигнато успех, независно дали тоа е во образованието, спортот или модата“ – изјавил Лорензо Сорија, претседател на непрофитната организација која стои зад манифестацијата.








70-годишниот актер и 48-годишниот поранешен модел запливаа во брачните води во 1997 година.





