Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин беа елегантен пар на доделувањето на наградата „Justice Ruth Bader Ginsburg Woman Of Leadership“, која ѝ беше доделена на дизајнерката Дајен фон Фирстенберг.
На свеченоста во Вашингтон, 75-годишниот актер се појави во класично црно одело, додека неговата 53-годишна сопруга шармираше во бел фустан на едно рамо.
На церемонијата присуствуваше и нивната 25-годишна ќерка Софија.
Во текот на вечерта, Сталоне беше повикан на сцената и постави боксерски ракавици на портрет од Рут Бејдер Гинсбург, во чија чест се одржува церемонијата. Рут беше судијка во Врховниот суд на САД, особено позната по нејзините заложби за родова еднаквост и правата на жените.