Шакира и Пике синоќа му посакаа добредојде на своето второ дете. Славната Колумбијка му роди братче на Милан.
37-годишната пејачка се породила со планиран царски рез во истата болница во Барселона каде пред две години го роди своето прво синче Милан. Дедото на Пике открил дека новороденчето ќе го добие името Саша.
Шакира потврди дека е бремена на крајот од август минатата година. Ова е второ дете на сексапилната пејачка и 27-годишниот фудбалер, кои се заедно од 2010 година.