Шакира и Антонио де ла Руа се разделија по скоро 11 години поминати заедно. На официјалниот сајт на 33-годишната пејачка се појави соопштение потпишано од Шакира и Антонио во кое се потврдува разделбата.
Особено изненадува фактот што во соопштението пишува дека популарниот пар ставил крај на романтичната врска уште во август, но досега нивната разделба била чувана во тајност.
Сепак, Шакира и Антонио не се разделуваат целосно и продолжуваат да соработуваат на професионален план.
„Ние гледаме на оваа разделба како на привремена и како време за индивидуален напредок, додека продолжуваме да бидеме партнери во нашиот професионален и бизнис живот“ – пишува во соопштението.
Шакира и Антонио де ла Руа, кој е син на бившиот претседател на Аргентина Фернандо де ла Руа, се заедно од 2000г. Минатата година за прв пат медиумите започнаа да шпекулираат за нивната разделба, но тие постојано се појавуваа заедно и со тоа ги негираа гласините.