Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Членовите на The Prodigy се огласија: Кит се самоуби

Членовите на The Prodigy се огласија: Кит се самоуби

Откако одекна веста дека Кит Флинт беше пронајден мртов, многумина побрзаа да шпекулираат за причината за смртта.

Лијам Хаулет, кој го формираше популарниот бенд The Prodigy, на Instagram напиша дека Кит се самоуби. „Веста е точна, не можам да поверувам дека го велам ова, но нашиот брат Кит си го одзеде животот викендов. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце... Почивај во мир“.

Во официјалното соопштение на музичката група се вели: „Со огромен шок и длабока тага ја потврдуваме смртта на нашиот брат и најдобар пријател Кит Флинт. Вистински пионер, иноватор и легенда. Тој секогаш ќе ни недостига.“

Кит беше пронајден мртов во неговиот дом во Есекс. Имаше 49 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.