Непосредно пред концертот кој ќе го одржат во Охрид, Продиџи објавија порака со сочувство до семејствата на загинатите во поплавите во Македонија и најавија донација.

„Искрена почит за Македонците кои ги изгубија своите животи и беа погодени од поплавите.
Ние ќе донираме во знак на солидарност во Црвен Крст на Македонија.
Почит до сите жртви, нивните семејства и до сите наши Македонски Воини.
Се гледаме на Ohrid Calling, недела на 14 август
The Prodigy“
Концертот на популарната група ќе се одржи на 14-ти август, на стадионот „Билјанини извори“, во рамките на фестивалот Ohrid Calling 2016.

