Џесика Алба, Гвинет Палтроу и Џенифер Гарнер се верни поддржувачи на Baby2Baby, организација која им обезбедува на сиромашни семејства производи за лична хигиена и облека за деца до 12 години.
Во соработка со организацијата, трите хумани актерки претпразнично ширеа радост, делејќи им подароци на мајки и деца во автомобили. Џесика носеше кожни панталони и плетена блуза додека делеше детски играчки, како и пелени, шампони и влажни марамчиња од нејзината компанија Honest.
„Тоа беше неверојатен ден. Прекрасно е што можевме да им донесеме радост и празнично расположение на семејствата кои најмногу имаат потреба од тоа“ – рекла Алба.
Палтроу се грижеше максимално за својата и безбедноста на другите и носеше две заштитни маски и ракавици на настанот.
Во текот на пандемијата со КОВИД-19, Baby2Baby има донирано повеќе од 30 милиони есенцијални производи за деца кои живеат во сиромаштија.