Џесика Алба присуствуваше на настан во Сан Франциско за да ја најави соработката на Baby2Baby и Rafinery29.
37-годишната актерка изгледаше модерно и шик во костум во бургундец нијанса, кој го комплетираше со салонки и маичка во бела боја.
За време на свеченото отворање на 29-те нови соби на Rafinery29, Алба го сврти вниманието на јавноста кон проблемите со кои се соочуваат многу семејства во САД и ја истакна важноста на хуманитарните активности за помагање на оние кои имаат најголема потреба од тоа.
„Замислете свет во кој бебињата никогаш нема да бидат без пелени... 1 од 3 семејства во САД мачи маки за да обезбеди пелени за своите бебиња... Донирајте време, предмети или пари“ – напиша Алба на својот профил.
Познатата актерка со години е член на Baby2Baby, непрофитна организација која цели да им обезбеди на сиромашните семејства производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст. Алба е мајка на две ќерки и еден син, кој го роди на 31 декември 2017 година, непосредно пред Нова година.