Џесика Алба беше почесна гостинка на празничната забава на „Baby2Baby“, организација чија цел е да им обезбеди на сиромашните семејства основни нешта како производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст.
Еколошката компанија на 33-годишната актерка „The Honest Company“ ја спонзорираше хуманитарната забава која се одржа во Лос Анџелес.
На празничната забава присуствуваше и сопругот на Алба, Кеш Ворен, како и нивните мали ќерки Хонор и Хевен.
Веселиот настан го поддржа и Дру Баримор, која се забавуваше со своите ќерки Френки и Олив.