Сплит со солзи го испрати Оливер Драгојевиќ на неговото последно морско патување. Обединети од тага, илјадници лица со скршени срца се збогуваа со легендарниот музичар кој почина како последица на рак на 70-годишна возраст.
Невозможно е да се остане рамнодушен на фотографиите и видеата од величенственото испраќање на големиот талент кон Вела Лука каде што наскоро ќе биде погребан.