Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Оливер Драгојевиќ за првпат на сцена откако откри дека има тумор и започна со хемотерапија

Оливер Драгојевиќ за првпат на сцена откако откри дека има тумор и започна со хемотерапија

Оливер Драгојевиќ за првпат запеа во јавност откако пред два месеци ја соопшти лошата вест дека има тумор. Хрватската ѕвезда донесе многу емоции на концертот „Верувај во љубов“, а публиката пееше со него и го наградуваше со гласни аплаузи.

Во еден момент, славниот пејач ја извади капата и покажа дека ја изгубил косата поради хемотерапијата.

„Јас сум добро, терапијата е добра, ја поднесувам хемотерапијата одлично, резултатите се видливи и треба да се издржи“ - изјави Драгојевиќ за хрватскиот медиум IN Magazin.

Оливер Драгојевиќ Оливер Драгојевиќ Оливер Драгојевиќ Оливер Драгојевиќ

Концертот кој се одржа во Сплит беше организиран од невладината организација Жупаниската лига против ракот, по повод 50 години хуманитарна работа.

Следниот свој концерт, Оливер ќе го одржи во декември, кога ќе го прослави и својот 70 роденден.

Оливер Драгојевиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19550 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.