Елена Ристеска самоуверено го прифати музичкиот предизвик да го имитира Оливер Драгојевиќ во „Твоето лице звучи познато“.
Македонската пејачка по вторпат се претвори во машка музичка ѕвезда и ја отпеа баладата „Cesarica“. Обидувајќи се што подобро да си ја исполни тешката задача, Елена го започна настапот на пијано.
Гостинка во жирито на деветтата епизода на шоуто беше Калиопи, која не ја пропушти шансата да ѝ даде многу комплименти на единствената македонска учесничка.