Рајан Гослинг неретко е прогласуван за најзгоден актер во Холивуд. Славниот шармер има украдено многу женски срца, но судејќи според начинот на којшто зборува за Ева Мендес, во неговото срце има место само за една жена.

Коментирајќи го животот со Ева и нивните две мали ќерки во интервју за GQ, 36-годишниот актер изјавил: „Цел живот слушаш како е да имаш деца и сте тие клишеа се вистина. Сметав дека знам дека сè ќе се промени, но додека не го искусиш тоа, нема шанси да знаеш што навистина мислат луѓето. Јас само знам како е да ги имаш моите деца. Во мојата ситуација, Ева е мајката од соништата, тие се децата од соништата и сè е како сон кој го сонувам сега. Имам голема среќа.“
„Кога ќе ги запознаеш своите деца, сфаќаш дека тие заслужуваат одлични родители... И мораш да се потрудиш да станеш личноста која ја заслужуваат“ – додал тој.






За фотосесијата, Рајан позираше пред објективот на Крег МекДин.